649
Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, починало 14-месечно женско бебе.
Како што објави „Слободен печат“, бебето било неколку пати одбивано за хоспитализација, иако родителите го носеле во болницата. Секогаш било пуштано дома, без да биде хоспитализирано.
Гледајќи дека се одбивани за хоспитален третман, родителите го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската клиника.