460
Познатиот атлетски работник, а своевремено атлетичар и гимнистичар Атанас Кираџиев, починал денес. Веста за неговата смрт ја соопштија од атлетскиот клуб ,,Ендуранс Мк’’.
-Македонската атлетика и нашиот тим загубија еден голем атлетски работник. Атанас Кираџиев – стартерот без кој стартовите на големите трки повеќе нема да бидат исти – информираат од клубот.
Атанас е татко на Националната рекордерка Весна Кираџиева и Александар Кираџиев, Национален шампион во маратон.