Во Струмица денеска почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар„Антон Панов“ од Струмица. Роден на 30 ноември 1960 година, а член на Струмичкиот театар е од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји.
Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а исто така и во филмски улоги во „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска и други. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА за најдобра машка улога.
По повод смртта на актерот Ванчо Крстевски утре во 11 часот ќе се одржи комеморација во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, а погребот ќе се изврши во 14 часот на Градските гробишта во Струмица.