127
На 86 години почина актерот Том Бауер, објави Дејли Мејл.
Тој почина минатата недела во својот дом во Лос Анџелес, а причината за смртта засега е непозната. Зад себе остави две деца, брат и сестра. Бауер беше во брак со неговата сопруга Урсула 51 година.
Тој се појави во различни телевизиски и филмски улоги, вклучувајќи го и „Умри машки 2“ каде го играше чуварот Марвин, кој живее во подрумот на меѓународниот аеродром Вашингтон Далс, пишува Холивуд Репортер.
Бауер, инаку, во младоста сакал да стане професионален бејзбол играч, но на крајот се откажал и се запишал на студии по глума во Њујорк во 1956 година.