413
На 50 годишна возраст, како последица на срцев удар почина актерот Тајлер Кристофер Бејкер, најпознат по улогите во сериите „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на Тајлер Кристофер. Тој почина по срцев удар во неговиот стан во Сан Диего”, напишале негови колеги, пренесува „LA Times“.
Тајлер Кристофер Бејкер на јавноста и е познат по улогата во серијата „Општа болница“ во која глумеше од 1996 до 2016 година.
Главната улога во оваа серија му донесе „Еми“ награда за најдобар актер, како и многу други номинации.
Тој беше во брак со Ева Лонгорија од 2002 до 2004 година.