1.7K
Почина актерот Љупчо Тодоровски-Упа, по компликации од вирусот Ковид-19, на шеесет и петгодишна возраст.
Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1983 година. По Академијата заминал за Белград, каде 10 години играл во повеќе филмови и театарски претстави.
Играл во филмовите „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“, „Пред дождот“, „Налепница“.