По долго боледување, на 88-годишна возраст почина познатиот канадски актер – Доналд Сатерленд, објави неговиот син Кифер.
– Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улоги, без разлика дали се тие добро, лошо или грдо – стои во објавата.
Доналд е познат е по улогите во „Klute“, „Ordinary People“, „Hunger Games“, „M*A*S*H“, и други филмови.
Студирал глума на Универзитетот во Торонто и на Кралската академија за драмски уметности пред да го направи своето актерско деби во Замокот на живите мртовци во 1964 година.
Иако Доналд никогаш не доби Оскар за време на неговата кариера, тој доби почесна награда на Академијата во 2017 година.