Почина актерот Алан Аркин

by Fokus

Почина актерот Алан Аркин, оскаровец и  ѕвезда на „Малата госпоѓица Саншајн“, соопшти неговото семејство денес.

Тој имаше 89 години.

„Нашиот татко беше уникатно талентирана сила на природата, и како уметник и како човек. Вљубен сопруг, татко, дедо и прадедо. Тој беше обожаван и многу ќе му недостига“, изјавија неговите синови Адам, Метју и Ентони Аркин во изјава за CNN.

Роден во Бруклин од родители руско-германски еврејски имигранти, неговото семејство се преселило во Лос Анџелес кога тој бил дете.

Аркин учеше на колеџот Бенингтон, но замина за да ја формира музичката група, The Tarriers во која пееше и свиреше гитара. Групата не остана долго заедно, но имаше хит со „The Banana Boat Song“ во 1957 година.

Но, глумата беше негова страст и Аркин ја освои наградата Тони за неговата дебитантска изведба на Бродвеј во претставата „Enter Laughing“ од 1963 година и награда за Драма Деск за режија на претставата „Мали убиства“ од 1968 година, која ја режираше и за големото платно.

Аркин, исто така, ја режираше оригиналната Бродвејска верзија на „The Sunshine Boys“ на Нил Сајмон, која имаше повеќе од 500 изведби.

Тој стана еден од неколкуте актери кои беа номинирани за Оскар за нивната прва главна улога. Аркин беше номиниран за улогата на Розанов во воената комедија од 1966 година, „Русите доаѓаат, Русите доаѓаат.

Тој исто така заработи номинации за Оскар за неговите изведби во „Срцето е осамен ловец“ (1967) и „Арго“ (2012).

Неодамна, Аркин беше номиниран за наградите Еми, Златен глобус и SAG за неговиот комичен пресврт во серијата на Нетфликс „Методот на Комински“.

Тој ги остави неговата сопруга Сузан, синовите Метју, Ентони и Адам, внуците Моли, Емет, Атикус и Абигејл и правнукот Елиот.

Поврзани новости