1.3K
На 85 годишна возраст почина македонска театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева, која меѓу народот беше позната како Мара Попара.
Крстева во својата богата кариера беше позната по бројните улоги кои ги играше, а најмногу луѓето ќе ја паметат по улогата на Мара Попара во Хихирику, Македонски народни приказни, Поштар, Простодушна љубов, Погрешно време, Битолски лакрдии, Волшебното самарче и многу други.