862
Почина доајенот на македонската адвокатура, Саво Коцарев.
Коцарев, активно, цели 55 години ја извршуваше адвокатската дејност што претставува една од најдолгите и најплодните адвокатски кариери во Македонија.
Препознавајќи го неговиот ентузијазам и исклучителен придонес во изградбата на македонската адвокатура, минатата година Адвокатската комора му додели плакета за 55 години успешно извршување на адвокатската дејност и за подигнување на угледот на адвокатурата.
Адвокатската комора на РСМ, претставувана од претседателот Љубомир Михајловски, изрази сочувство до семејството и најблиските.