341
Деветмесечно дете починало откако неговата баба го оставила осум часа во автомобил во Тексас.
Полицијата веднаш реагирала на пријавата дека во автомобилот има дете кое не дава знаци на живот.
„Полициски детективи се на лице место. Се чини дека смртта на 9-месечното дете била предизвикана од висока температура. Од прелиминарната истрага е утврдено дека бабата го оставила детето на задното седиште во 08:30 часот и кога се вратила во 16 часот, го нашла детето мртво“ – соопштија од полицијата.
Оттаму додаваат дека бабата ќе одговара за кривично дело убиство за кое е предвидена повеќегодишна затворска казна.
Полицијата не соопшти повеќе детали за случајот.