483
Денеска во ОВР Струга било пријавено дека во 03.30 часот во с. Октиси, Струшко, настанал пожар во куќа сопственост на М.М.
Од здобиените повреди во пожарот починал И.М.(84) од с. Октиси, татко на М.М., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Струга го изгаснала пожарот.
Увид бил извршен, информираат од МВР.