Осумгодишно девојче почина вчера во американски притвор во Тексас, трагедија што ги засени вестите за нагло намалување на обидите за илегално преминување на јужната граница на САД. Девојчето, според информациите, починало во Харлинген, пограничен град во Тексас во близина на Мексиканскиот залив, јавува Франс 24.
– Девојчето и нејзиното семејство се задржани во пограничниот град Харлинген, од каде е повикана итна медицинска помош – соопштија од американската царинска и гранична служба (ЦБП).
– Во станицата била повикана итна медицинска помош и е пренесена во локална болница каде била констатирана смрт – се наведува во соопштението и се додава дека е отворена истрага за смртта.
Агенцијата не го откри идентитетот или националноста на мигрантот.
17-годишно момче од Хондурас, кое пристигна во САД без родител или старател, почина минатата недела во притвор на владата во Сејфти Харбор, Флорида.
Новите правила кои стапија на сила минатата недела се чини дека го намалија влезот во САД.
Според новите регулативи, мигрантите не можат да аплицираат за азил во САД, освен ако претходно не поднеле барање преку интернет или не побарале заштита во земјите низ кои патувале на пат кон САД.