94
Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Тризла“ во Прилеп, мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Прилеп, удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.