Тетовчанка, на возраст од 59 години, која била заразена со корона вирусот почина во ГОБ „8 септември“, информираат од Министерството за здравство.
-Пациентката 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина, велат од министерството.
Вкупниот број на починати се искачи на 86.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на ковид-19.