Почина 57-годишен работник од Кочани додека работел во фабрика во Гази Баба

by Fokus

МВР информира дека вчера во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, В.К.(57) од Кочани, додека извршувал работни задачи за фирма од Штип, се повредил и починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје, јавен обвинител и трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Поврзани новости