Почина 56-годишник од Пехчево, врз него паднало дрво

by Fokus

МВР информира дека вчера во Полициската канцеларија Пехчево пријавено е дека околу 11.20 часот на место викано „Голем Требомир“, атар на Пехчево, врз С.Ц.(56) од Пехчево, вработен во Шумско стопанство Пехчево, за време на извршување на работни задачи, паднало буково стебло.

Од здобиените повреди тој починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Пехчево.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово.

 

Поврзани новости