434
МВР информираше дека вчера во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината Н.Т.(39) од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.