Млада мајка од Виљареал (Шпанија), се појавила во Ургентниот центар поради каснување од хрчак, но пред да влезе во здравствената установа колабирала и починала.
Обдукцијата ќе покаже дали причина за смртта на оваа 38-годишна жена е каснување од хрчак или, пак, нешто друго.
Трагедијата се случила непосредно пред влезот на Ургентниот центар каде жената пристигнала во придружба на своите деца.
Според реконструкцијата, жената прво отишла во Здравствениот дом минатиот петок околу 23 часот бидејќи во својот дом ја каснал хрчак.
Со неа биле и двете деца, на возраст од 11 и 17 години.
Раната што ја имала не изгледала сериозна, но за неколку часа морала да ја посети итната медицинска помош, каде што подоцна починала.
Обдукцијата подетално ќе покаже за што точно се работи.