407
МВР информира дека вчера попладне во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на објект во изградба на подрачје на Центар со повреди се здобил работникот Ф.А.(34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Од здобиените повреди Ф.А. нешто подоцна починал.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.