652
Триесет и тригодишен маж кој издржувал затворска казна во затворот во Штип е пронајден мртов, а на неговото тело не биле пронајдени траги на насилство.
-На 06.08.2022 во 11:29 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот починало осуденото лице Е.М.(33) од Кочани.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР.