351
33-годишен велешанец со иницијали Д.В. загина откако вчера околу 18 часот бил прегазен на регионалниот пат Велес-Градско. Според полицијата возачот избегал од местото на настанот. Се уште не е утврден неговиот идентитет.
Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.