Почина 27-годишна скопјанка

by Fokus

Доцна синоќа починала 27-годишна скопјанка на скопските клиники, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел на улицата Чаирска за укажување лекарска помош била земена Р.Д.(27) и била пренесена во Комплекс клиники Мајка Тереза, каде починала.

„Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Телото на девојката е предадено на обдукција.

Поврзани новости