Пред три дена во лабораторијата за вирусологија на ИЈЗ беше докажан причинител на конго-кримска хеморачна треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица ,Штип која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден, потврдуваат од Институтот за јавно здравје.
Тим од Одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од ЦЈЗ Штип направилр веднаш увид во с. Кучица, во Клиничката болница Штип и во ИМП Штип.
“Се направи епидемиолошка анкета за пациентката од која дознавме дека била касната од крлеж, кој бил изваден во домашни услови. По појава на симптоми неколку дена од каснувањеето најпрво била хоспитализирана во Штип , а потоа во Скопје .
Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице, направени се претраги на сите контакти во семејството и во КБ и ИМП Штип , при што беа класифицирани според ризикот.