67
Црногорскиот голман Матија Шаркиќ почина на 26-годишна возраст, јавува „RTCG“.
Шаркиќ починал околу 6:30 часот во Будва, полицијата е на лице место, се истражуваат сите околности, но најверојатно се работи за природна смрт.
На голманот на црногорската репрезентација му се слошило во станот во Будва, пријателите веднаш повикале брза помош, но за жал немало помош за него.
Саркиќ пред десетина дена ја воодушеви црногорската јавност со одличните одбрани на мечот со Белгија, се чинеше дека „храбрите соколи“ добија голман за следната деценија, но пречека прерана смрт.