Почина 24-годишното момче кое беше киднапирано и принудено да се самозапали

by Fokus

Почина 24-годишното момче кое во четвртокот било киднапиран во скопската населба Ченто и принудено да се самозапали.

Денеска, во текот на денот извршена е обдукција која ќе треба да даде појасна слика на истражителите. Телото е предадено на семејството за да може да го погреба.

Инаку, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на Меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона во близина, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците.

На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија.

Според пријавата, како што објави тогаш МВР, неколку лица со закана го натерале да се запали самиот и избегале. Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен.

Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека тој бил тепан и држен во кафез.

МВР се уште работи на случајот, но оттаму не одговарија на прашањата дали потврдиле дека навистина е извршено киднапирање, дали навистина Биљал е принуден да се самозапали и дали веќе имаат осомничени за случајот.

 

Поврзани новости