Почина 24-годишно момче од Ресен од ковид-можно е да се заразило на свадбата

by fokus

Момче од Ресен на 24 години утрово починало на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19.

-Пациентот (24г), од Ресен на 25 август беше хоспитализиран во делот за суспектни за Ковид-19, во Ковид центарот во КБ Битола, во тешка општа состојба со ниска сатурација, со масивна бронхопневмонија. Веднаш поставен на соодветна комбинирана терапија и перманентна максимална кислородна поддршка. Земен брис, добиен ковид позитивен резултат. Кај пациентот и покрај преземените интензивни и реанимациони мерки настапи смрт утрово, изјавила за „Независен“ д-р Билјана Гагачовска, директор на Битолската клиничка болница.

Момчето не било вакцинирано, а порталот неофицијално пренесува дека момчето пред десеттина дена правело свадба и така се заразило, но оваа информација не е официјално потврдена.

Поврзани новости