568
Завчера на КАРИЛ починала 24-годишна девојка, пациентка со Даунов синдром, поради компликации од грипот А Х1Н1. Тој направил сериозно оштетување на белите дробови и црниот дроб.Пациентката на Клиниката за анестезија и реанимација била 10 дена поради други заболувања.
Ова е втор смртен случај од компликации од гриот за три дена. Во вторникот на Клиниката за детски болести почина и петгодишно дете кое било во тешка состојба.
-И двата случаи се со коморбидитет. За детето утврдивме дека имало астма, а девојката на КАРИЛ што почина била со Даунов синдром. Починале поради тешко оштетување на белите дробови и црниот дроб, изјави Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје за НОВА.