Сообраќајна незгода била фатална за 20-годишен жител на с. Отља, липковско откако излетал од патот и удрил во столб.
„Скопје, 16 август 2018 (МИА) – На 15.08.2018 година околу 21.20 часот на регионален пат Куманово-с.Липково, во с.Опае, М.А. (20) од с.Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб. Притоа, со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во 00.00 часот на 16.08.2018 возачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.