Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром

by Fokus

Ненадејно, на само 19 години животот го загуби ракометарот Андреј Петрески, кој беше член на РК Аеродром.

Петрески, според информациите, починал во својот дом, неочекувано, останувајќи ги во шок неговите најблиски и соиграчите од клубот, каде што настапуваше од најрана возраст.

Петрески беше дел од поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.

 

Поврзани новости