Почина 17-годишникот од Волково кој настрада додека се снимаше на вагон-цистерна

by Fokus

Почина 17-годишното момче од Волково кое на 16 јануари годинава качено на вагон-цистерна доживеа струен удар.

– За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди – информираа од КАРИЛ.

Пациентот бил третиран од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.

Од Министерството за внатрешни работи за случајот појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош било пренесено во Ургентниот центар.

Поврзани новости