773
На инфективната клиника во Скопје починало 16-годишно девојче од тетовско Сиричино кое во тешка здравствена состојба било хоспитализирано во Клиниката. Претходно беше објавено дека девојчето билo примено во многу тешка состојба.
Од Министерството за здравство најавија повеќе информации во текот на денот.
Минатата недела пак почина 17-годишно девојче од Демир Хисар, а во болница била донесена во многу тешка состојба со висока температура која ја лекувала неколку дена во домашни услови. Девојката била дејабетичар и не била вакцинирана.