346
Почесниот конзулат на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид по повод двете масовни убиства во Србија упати повик до граѓаните утре во 11 часот да дојдат на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и да им оддадат почит кон жртвите.
Предвидено е потоа точно на пладне заеднички да се оди на панихида за жртвите во црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите, посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. Изразуваме силна емпатија, солидарност, сплотеност до српскиот братски народ и Република Србија“,
вели почесниот конзул на Република Србија во земјава, Михајло Филев.