535
Заврши 73-тото издание на еден од најстарите и најпопуларни фестивали во светот мегапопуларниот Сан Ремо.
По 28 песни претставени на фестивалот на италијанската канцона, славниот Санремо, петте изведувачи со најмногу гласови се пласираа во суперфиналето.
Победник на Сан ремо 2023 е Марко Менгони со песната „Due vite“. Тој годинава ќе биде претставникот на Италија на Изборот за песна Евровизија во Ливерпул.
Популарниот Марко беше голем фаворит за победа од самиот почеток на годишениот Сан Ремо.
Марко се прослави на италијанската музичка сцена во 2009 година откако ја освои нивната верзија на „Икс-фактор“. Оттогаш, тој продаде 2,8 милиони плочи и издаде седум албуми.