850
Владејачката СДСМ е победник на советничките листи во Куманово, покажуваат резултатите на Државната изборна комисија.
Според нив, најголем број на гласови освои листата на СДСМ со 11.688 гласа или 25,32%, потоа независната листа на Ивана Ѓорѓиевска – 10.258 или 22,22% и трета е ВМРО-ДПМНЕ со 8.794 или 19.05%. Потоа следуваат ДУИ – 5.054 или 10.95%, АА/А – 2.553 – 5.53%, Левица -2.200 – 4,38%, Беса -1.231 – 2,67%, ЛДП-ДОМ со 1012 или 2,19%, ГИ-Сузана Ѓорѓевиќ – 692 – 1.50%, ГИ-Милош Стаменковиќ- 577 – 1.25%, Интегра -197 или 0,43%, ЕМ- 190 или 0,41% и ДПА- 299-0,65%.
Во Куманово по првиот круг води независниот кандидат и актуелен градоначалник, Максим Димитриевски со 15.151 гласа, пред Оливер Илиевски од СДСМ со 15.098 гласа.