517
Новинарката на Би-Би-Си, Самира Ахмед го доби на суд медиумски гигант, откако тужела и барала милион долари отштета, затоа што била помалку платена од своите машки колеги.
Таа неодамна информираше дека за иста работа добивала дури 85 отсто помала плата од нејзините колеги.
Судот пренесе дека Би-Би-Си не успеала да докаже дека примањата на Ахмед се помали од некои други причини и не докажале дека постои разлика помеѓу две емисии – една емисија на Самира, друга на нејзиниот колега Џереми Вајн.
Ахмед добивала 580 долари по епизода, а нејзиниот колега Вајн по 4.000 долари.