Побаран притвор за странец баран поради убиство во Турција

by Fokus

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор поради екстрадиција за турски државјанин по кого била распишана потерница од Интерпол за издржување казна затвор за кривично дело – Убиство.

Против 46-годишниот жител на Измир, кој се легитимирал со турската возачка дозвола и дозвола за престој во државава со важност до септември 2025 година, во Турција е изречена пресуда и затворска казна од 11 години 11 месеци и 6 дена.

Турските власти распишале потерница по него од 24 јули годинава. Тој бил присутен во судот кога била донесена пресудата против него, по што избегал и станал недостапен за турските власти.

Поврзани новости