ПОА на Вранишковски утре ќе се обедини со МПЦ-ОА

by Fokus

Утре ќе се одржи синодска седница на МПЦ –ОА на која се поканети епархиските архиереи на која треба да се донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА со ПОА на Вранишковски, објави сајтот Религија.мк.

Обединувањето ќе значи интеграција на владиците на ПОА на Вранишковски во МПЦ-ОА односно ним ќе им бидат дадени делови од битолско пелагониската епархија со која раководи митрополитот Петар .

Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.

Според Религија.мк заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква. Сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

 

Поврзани новости