По животот во Америка, Ламбе се враќа на македонската сцена!

by Fokus

Поп пејачот Ламбе Алабаковски (34), кој беше тинејџерска музичка атракција по победата на ,,Плеј –потрага по ѕвезди 2004” по неколку години живот во Америка, повторно се врати во Македонија.

Тој настапи на концертите кои се одржаа во Битола во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски, и по седум години повторно застана на сцената во големата сала во Битолскиот Центар за култура, заедно со Каролина, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски и други.

-После седум години навистина е ќеиф и задоволство – порача тој на својата официјална страница, заблагодарувајќи се на Камерниот оркестар Битола.

Како што дознаваме, Алабаковски кој е по потекло од преспанско Љубојно, се вратил во Македонија минатото лето, заедно со семејството, односно со сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, и веќе планирал враќање на сцената со нови музички материјали. Пред седум години, во екот на популарноста, пејачот се пресели во Америка во потрага по подобар живот со сопругата, која по потекло е од Битола. Таму, во Детроит ги добија синовите. Како што тој изјавуваше во минатото, во Америка не се занимавал со музика, туку работел како транс оператор во своја мала фирма. Во своите интервјуа, не криеше дека срцето му е во Македонија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости