По земјотресите кај Маврово, водата не се пие: Населението останало во автомобилите

by Fokus

Земјотресите кои го погодија синоќа мавровскиот регион предизвикаа заматување на водата, поради што препорачуваме да не се користи за пиење, објави Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“ на Фејсбук.

Градоначалникот на општината Маврово и Ростуше, Медат Куртоски во изјава за МИА информира дека се во постојат контакт со МВР, ЦУК и останатите надлежни институции со цел соодветна реакција по вчерашните земјотреси во регионот.

По првичните проверки на последиците од земјотресите, нагласи Куртовски забележано е заматување на водата во мавровскиот водовод, додека засега не е забележана друга материјална штета.

Претходно на Фејсбук страницата на општината Маврово и Ростуше беше објавено дека во договор и комуникација со полицијата биле пропуштени 26 возила со патници, жители на други општини кои биле во своите викендички во мавровскиот регион.

Земјотресите предизвикале вознемиреност кај населението при што мал ден останале неколку часа во своите автомобили или на отворено.

Поврзани новости