По Заева и Фетаи, и Катица Јанева во рацете на Дадар

by Fokus
Познатиот стилист Александар Билјановски – Дадар вчера се погрижи за изгледот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред нејзиното гостување во емисијата ,,Правда и неправда” на 1ТВ.

Мејк ап артистот, кој околу две децении е еден од најбараните во земјава, се пофали со фотографијата со Јанева, која дошла на разубавување во неговиот салон ,,Мое студио Дадар’ каде се нудат комплетни услуги и третмани за нега и разубавување.

-Денес во посета на ,,Мое студио Дадар’ наша драга гостинка, Катица Јанева – напиша Билјановски.

-Јанева има убаво лице, ама ти си ја направил уште поубава, за 20 години е подмладена – се дел од коментарите под фотографијата со обвинителката.

Покрај Јанева, голем е бројот на жените од политиката, јавниот живот и естрадата кои ги користат неговите професионални услуги. Кон крајот на 2017 година, тој раскажа за соработката со специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица.

Тогаш за ,,Фокус” изјави дека лесно било да се соработува со нив, бидејќи природата била дарежлива кон нив, и двете добро знаеле што сакаат.

-И Зорица и Фатиме се прекрасни и оригинални на свој начин. Природата била доста дарежлива со убавина кон нив, и работата со нив одеше лесно бидејќи точно знаат што сакаат. И двете ги спремав доста време, затоа што самиот процес на шминкање е истовремено и уживање, разговор, фотографирање… Таква е мојата работа. За Фатиме се одлучив за моќна шминка која одговара на нејзината внатрешна убавина, додека пак за Зорица, убава и јасна шминка, не многу нападна, иако и таа сака да експериментира со модата- ни изјави тогаш стилистот, а фотографиите од двете жени средени како топ модели се најдоа во центарот на вниманието.

Порача дека е задоволен што македонската жена стекнува навика се повеќе да се грижи за себе на професионален начин, и растел бројот на девојките и жените кои го посетувале неговото студио.

Вики Клинчарова

Поврзани новости