608
Откако генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски објави дека тој и лидерот на партијата Зоран Заев се откажуваат од патните трошоци како пратеници во Собранието, иста одлука соопшти дека донел и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот!“, напиша Јанушев на фејсбук.