Во тек на вчерашниот ден на брана на хидроелектричната централа на Тиквешко Езеро, Кавадарци, 44-годишната М.П. била физички нападната од две лица, додека извршувала работни задачи.
Вчера во 11 часот во ОВР Кавадарци таа пријавила дека била нападната од Т.М. и А.М. до Возарци, кавадаречко.
Од СВР Велес за ,,Фокус” велат дека се работи на расчистување на случајот.
Пред само два месеца, истата рибочуварка во време додека извршувала работни задачи, исто така беше нападната на местото викано ,,Пунктот” на Тиквешко Езеро.
Тогаш во ОВР Кавадарци беа повикани три лица од Пепелиште, неготинско, на возраст од 28,47 и 48 години, и со нив беше извршен службен разговор по повод настанот.
Од МВР изјавија дека по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вики Клинчарова