594
Во населбата Кисела Вода денеска повторно е уапсен 24-годишниот скопјанец, кој минатиот викенд беше приведен со своето куче. Овој пат скопјанецот бил сам, а видео од приведувањето повторно осамна на интернет.
Од СВР Скопје за “Телма” посочиле дека 24-годишниот скопјанец е приведен затоа што бил на улица, се шетал за време на полицискиот час со што ја прекршил забраната за движење.
Истото момче беше уапсено и за Велигден кога по социјалните мрежи имаше негативни коментари за полицајците кои го приведуваат во интервентно комбе поради тоа што се во голем број и не носат заштитни маски и ракавици.
За тој случај е отворена дисциплинска постапка во полицијата, а момчето доби пријава за прекршување на полициски час по член 206 од КЗ.