По ВМРО и Левица, собраниската седница ја напуштија Алијансата и Алтернатива

by Фокус

Откако тоа веќе го сторија ВМРО-ДПМНЕ и Левица, денешната парламентарна седница, на која беа констатирани оставките на Зоран Заев, Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и Флорим Бесими, ја напуштија и Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Партиите на Зијадин Села и Африм Гаши велат дека седницата трае веќе 12 часа и побараа да се презакаже за утре, меѓутоа спикерот Талат Џафери возврати дека собранието ќе работи се додека го има потребното мнозинство.

Во меѓувреме, собранието ја констатираше и оставката на Оливер Спасовски, по што се очекува тоа да се направи и за другите идни членови на владата – Никола Димитров, Мила Царовска, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.

Поврзани новости