По вчерашниот разговор со украинскиот претседател Володомир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон денес разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје.
Во телефонски разговор, како што соопшти Кремљ, двајцата лидери изразиле подготвеност за „аполитична интеракција“ со учество на Меѓународната агенција за атомска енергија.
„Руската страна скрена внимание на редовните украински напади врз електраната, вклучително и врз складиштето на радиоактивен отпад, што може да резултира со катастрофални последици“, се вели во соопштението.
Двајцата лидери разговараа и за глобалните прашања за безбедноста на храната. Според Кремљ, Путин му рекол на Макрон дека е важно Европската Унија да не го попречува извозот на руска храна и ѓубрива во Африка, Латинска Америка и Блискиот Исток.