Во Брисел денеска треба да продолжи дијалогот за нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина. Предвидено е да се сретнат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, а домаќини на состанокот се високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак.
ЕУ соопшти дека на средбата ќе бидат разгледани прашања за малцинските заедници, меѓусебните побарувања и имотот, како дел од патот кон сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Вучиќ вчера пристигна од Вашингтон во Брисел, каде се состана со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.
Српскиот претседател најави дека на денешниот дијалог ќе се разговара за три клучни теми: исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата.
Косовскиот премиер Хоти, пак, најави дека денеска со Вучиќ ќе разговара за конечниот договор за заемно признавање и нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.
Дијалогот помеѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ се обнови во јули годинавата со состанот на Вичиќ и Хоти, откако 20 месеци беше замрзат поради воведувањето такси од 100 проценти од страна на Косово за узоз на стока од Србија.
Минатата недела Вучиќ и Хоти имаа средба во САД, каде и потпишаа договор за нормализација на економските однос.