815
По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одбила поранешната вицепремиерка и градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.
Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција.
Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени, се вели во текстот.