Освен Јово Вангеловски и неговата колешка од Врховниот суд, Рахилка Стојковска, повеќе не е судијка, односно официјално е разрешена.
-Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Рахилка Стојковска – судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-11/32 од 24.09.2019 година за нејзино разрешување од вршење на судиска функција, и истата ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на Врховниот суд.
Вангеловски и Стојковска се разрешени поради укинување на притворот на бизнисмен Сеад Кочан во 2017 година, додека тој беше во бегство.