Папата Франциск денеска на генерална аудиенција апелираше да и се помогне на Словенија по неодамнешните поплави што ја погодија таа земја.
Папата „ја изрази својата блискост со оние кои настрадаа од катастрофална природна катастрофа“, објави порталот Vatican News, а пренесе агенцијата СТА.
На крајот од аудиенцијата во Ватикан, тој изјави дека „во Словенија во последните денови се случија драматични природни феномени кои доведоа до смрт и материјално уништување“, додавајќи дека се моли за жртвите и сите оние кои страдаат поради овие катастрофи.
Тој им се заблагодари на оние кои пружиле помош, особено на волонтерите.
Во поплавите што ја погодија Словенија за време на викендот, најмалку шест лица загинаа, а стотици луѓе останаа без покрив над главата.